Четири познати енергетски компании се заинтересирани да инвестираат во двете големи хидроцентрали Чебрен и Галиште, кои треба да се градат на Црна Река, за што две од нив веќе подигнале и тендерска документација. За оваа новина вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски ја информираше Владата на неодамна одржаната отворена седница, при што им укажа дека рокот на јавниот оглас истекува на крајот на декември годинава кога се очекува од инвеститорите да ги достават и официјално нивните понуди. Пешевски не ги обелодени имињата на компаниите што подигнале тендерска документација. Со законските измени надлежно за јавниот повик не е повеќе Министерството за економија, туку Министерството за животна средина и просторно планирање. Како што стои во тендерските услови, ХЕ Чебрен треба да достигне висина од 192 метри, додека браната на хидроцентралата Галиште ќе биде 141 метар.
Четири познати енергетски компании се заинтересирани да инвестираат во двете големи хидроцентрали Чебрен и Галиште, кои треба да се градат на Црна Река, за што две од нив веќе подигнале и тендерска документација.
За оваа новина вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски ја информираше Владата на неодамна одржаната отворена седница, при што им укажа дека рокот на јавниот оглас истекува на крајот на декември годинава кога се очекува од инвеститорите да ги достават и официјално нивните понуди. Пешевски не ги обелодени имињата на компаниите што подигнале тендерска документација. Со законските измени надлежно за јавниот повик не е повеќе Министерството за економија, туку Министерството за животна средина и просторно планирање.
Како што стои во тендерските услови, ХЕ Чебрен треба да достигне висина од 192 метри, додека браната на хидроцентралата Галиште ќе биде 141 метар. Новиот инвеститор треба да основа заедничка фирма со ЕЛЕМ, но притоа уделот на Електрани на Македонија не може да биде помал од 39%. По одобрувањето на проектот и добивањето градежна дозвола, потенцијалниот инвеститор ќе мора да го изгради Чебрен за седум години од денот на почетокот на градбата, а во заедничката компанија ХЕЦ Тиквеш ќе биде внесен три месеци по стартот на изградбата. Вредноста на ХЕ Чебрен се проценува на околу 318 милиони евра, додека на Галиште на околу 200 милиони евра.